Владата утре ќе решава за бонуси на матичните лекари кои ќе ги убедуваат пациентите да се вакцинираат

/

На утрешната владина седница ќе се разгледува предлогот за воведување стимулација за матичните лекари кои ќе постигнат вакцинација кај над 70 отсто од своите пациенти. Стимулацијата на матичните лекари би се одвивала во облик на бонуси.

Филипче, на денешниот брифинг со новинари, истакна дека постојат методи преку кои матичните лекари можат да упатат апели до своите пациенти за да се вакцинираат.

„Има методи и начини на кои комуницираат. Тоа го разговарав со колегите, тие во телефонска комуникација многу често им даваат совети на пациенти и ги повикуваат да се вакцинираат“, истакна Венко Филипче.



Извор: Zoom. mk

Претходна статија

Македонските компании не можат да издржат уште еден локдаун

Следна статија

Случај на СЈО падна пред Апелација, „Тарифа“ вратен од почеток

Најново од Вести