Проф. д-р Даниел Вачков: Политичарите не можат да го сменат ставот донесен од историската комисија

//

„Во 2019 година се договоривме за некои прашања, кои, доколку политичарите имаат волја, може да станат добра основа за нашата понатамошна работа. Прашање е како некои политички сили ќе ги искористат овие резултати за погрешно да ги претстават во јавноста“.

Ова го изјави проф. Даниел Вачков, директор на Институтот за историски студии при Бугарската академија на науките и член на Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања на Бугарија и Северна Македонија, во интервју за БНР.

„Секој што ја знае историјата ќе види дека тоа што го договоривме се наоди за работи кои се познати одамна во Бугарија и никој не ги доведува во прашање. Тие се кажуваат потивко. Тоа што може да биде како реакција во Бугарија – дека тезата што потекнува од изворите не ја наметнавме доволно силно, туку бевме малку потактични“.

„Она што за нас е ноторна вистина, за општеството во Северна Македонија, на многу луѓе ќе им звучи како вистинска револуција. Бидејќи во нивните учебници до денес се пишуваат сосема различни работи, се кажуваат сосема други работи. За нив тоа ќе звучи радикална нова теза. Претпоставувам дека попрво ќе има обид на политичките сили да ги злоупотребат овие резултати за политички цели“, коментира Вачков.

Политичарите не можат да го сменат ставот донесен од историската комисија, објасни тој.

„Можат индиректно да вршат некаков притисок врз нивните претставници во комисијата, но откако ќе се договори, особено сега е објавено, не можат да кажат – нема да биде така, туку ќе биде поинаку“.



Според историчарот, сепак, политичарите би можеле да го одложат спроведувањето на веќе донесените одлуки.

„Со добра волја и политичка стабилност во двете земји, би можело да се продолжи со имплементација на овие препораки и да се забрза најважното – интеграцијата на РСМ во ЕУ“, смета проф. Даниел Вачков.

Тој предвиде дека до крајот на оваа година, мешовитата комисија би можела да го заврши испитувањето на средниот век и делото да влезе во уште покомплексен и подебатен период – оној на Преродбата, каде отпорот е уште посилен.



Претходна статија

Зеленски го повикува светот да спречи несреќа во нуклеарната централа Запорожје

Следна статија

Трамп: Агентите на ФБИ ми ги украдоа пасошите

Најново од Вести

(Фото) Вандалски акт или фотошоп- кој успеа да избрише буква од името на македонистичкиот клуб во Благоевград, напишано од внатрешната страна на излогот на клубот?!

Организацијата „Нов Асном“ денеска преку соопштение испратено до медиумите во РС Македонија се обиде да направи