| | | |

Проф. д-р Иван Д. Иванов: Ги повикувам г-нот Спасовски и г-ѓата Тени да бидат инклузивни и во идните текстови на резолуции за придонесот на македонските Американци, да ги вклучат и македонските Бугари

Би сакал да ги повикам г-н Оливер Спасовски, г-ѓа Клаудија Тени и сите нивни пријатели и сојузници во САД, Европа и во целиот свет да бидат инклузивни, да ги признаат и да ги вклучат македонските Бугари, вклучително и во уставниот ред на РС Македонија и да признаат или да посочат дека станува збор за емиграција од географската област Македонија, вклучително и за македонски Бугари, во текстовите на идните резолуции. Со овие зборови проф. д-р Иван Динев Иванов од Универзитетот во Синсинати го коментираше постот на министерот за внатрешни работи на РС Македонија Оливер Спасовски објавен на социјалната мрежа Facebook и посветен на неговата средба на познатата лобистка на РС Македонија конгресменката Клаудија Тени.

„Ако тоа признание за нашето постоење и за постоењето на нашите предци се случи, ние ќе бидеме првите, кои ќе ги поддржат нивните желби, за признавање на нивната култура, јазик и тн “, вели проф. д-р Иванов во неговата изјава за порталот Трибуна.

Младиот американски научник од бугарско потекло го поздрави фактот што Оливер Спасовски одржува контакти со г-ѓа Тени, потсети зошто беа отфрлени неколку варијанти на резолуциите за придонесот на американските Македонци кон американското општество.

„Тоа што тој (Спасовски, бел, уред) и г-ѓа Тени не го објаснуваат на македонското општество е зошто таа резолуција беше отфрлена во два различни варијанти 741 и 311. Одговорот е многу едноставен и тој не е поврзан со тоа, што некој некаде на светот има проблем со промоцијата и славењето на македонскиот јазик, култура и историја на Американците со македонско потекло, проблемот е во тоа што се прави обид, ретроактивно да се имплицира дека под терминот Македонци, станува збор за некакви етнички, антички или дури праисториски Македонци, без да се прецизира какви се тие луѓе и каков е нивниот идентитет “, дециден е проф. д-р Иванов.

Тој додаде уште дека г-ѓа Тени е многу добро запознаена од писмата што ѝ биле испратени од бугарската заедница и заедницата на македонските Бугари во Америка, дека кога се зборува за вековен или многувековен придонес на Американците со македонско потекло, станува збор пред се за луѓе кои го идентификуваат својот јазик како бугарски и кои себе си се нарекуваат македонски Бугари.

„Тие луѓе изградиле во САД бројни институции, како цркви, неформални неделни училишта, македонски организации, како Македонската патриотична организација (МПО), во која јасно се идентификувале себеси како македонски Бугари“, вели проф. д-р Иванов.

Тој е дециден дека причината да се проблематизира прифаќањето на тие резолуции е поради фактот дека кога се зборува за Американци со македонско потекло, не се прецизира дека станува збор за македонски Бугари.

„Токму тоа ја предизвика реакцијата на македонските Бугари. Во нивната реакција стоеше дека, ако се напише една резолуција, која е инклузивна, во која македонските Бугари се дел од наследството на географската област Македонија и на емиграцијата од географската област Македонија, тогаш бугарската заедница, респективно заедницата на македонските Бугари нема да има никакви приговори, туку и ќе поддржи една таква резолуција“, вели проф. д-р Иванов во изјавата за „Трибуна“.

Тој подвлече дека за жал документите што беа претставени во неколкуте варијанти на резолуциите, се во колизија со принципите на американската демократија и се во противречност со принципите во американското општество, во кое се признава идентитетот и правото на самоопределба на сите американски граѓани, вклучително и на тие кои некогаш и сега се идентификувале и продолжуваат да се идентификуваат како македонски Бугари.

Слични Објави