| |

Проф. д-р Матанов: БПЦ не може да ѝ биде послушна на РПЦ

Украинската православна црква е призната како автокефална од Вселенската патријаршија и од некои други православни цркви, па очигледно е дека бугарските владици нема да ја слушаат Руската православна црква (РПЦ) и тоа треба да биде јасно.

Ова во интервју за БГНЕС го вели познатиот историчар проф. Христо Матанов, специјалист по средновековна бугарска и балканска историја. Тој е поранешен директор на Дирекцијата за верски односи во рамки на бугарската Влада (април 1993 – октомври 1996 година).

Со него ја коментираме одлуката на Руската православна црква да ги осуди митрополитите Николај, Кипријан и Јаков, заедно со епископите Сиониј и Висарин, бидејќи учествувале во сослужување со украинските свештеници, кои во Москва ги дефинираат како „расколници“.

Според него, акциите на РПЦ не се насочени кон целата БПЦ, туку само кон петте бугарски свештеници.

Историчарот потсети дека Бугарската патријаршија е многу постара од Московската патријаршија, која е основана дури во 16 век. „РПЦ, по сила на инерцијата, се обидува да им заповеда на другите, нешто што не може да се случи. БПЦ не може да ја слуша РПЦ“, категоричен е проф. Матанов.

Во исто време, тој го изрази своето чудење поради фактот што „митрополитот Николај, кој досега поминуваше за човек на Русија, и митрополитот Кипријан, кој студирал во Русија, наеднаш ги смениле своите позиции и се преориентирале кон Вселенскиот патријарх Вартоломеј и кон Украинската црква“.



Слични Објави