| |

Проф. Матанов: Охридската архиепископиja е бугарска, со подршката за СПЦ Русија ја нападна БПЦ поради нејзината неактивност

Признавањето на МПЦ како Охридска архиепископија од страна на Вселенската патријаршија е чисто геополитичко прашање. Но, тоа значи и афирмирање на нејзиниот бугарски карактер и нема врска со признавање на македонскиот идентитет и самобитност.

Тврдењето на Руската православна црква (РПЦ) дека Српската православна црква (СПЦ) има јурисдикција над епархиите е удар врз Бугарската православна црква (БПЦ) и нејзината неактивност.

Ова во интервју за БГНЕС го вели историчарот проф. Христо Матанов, автор на бројни студии и монографии, меѓу кои и „Од Галиполи до Лепанто. Европа, Балканот и Отоманската инвазија (1354-1571)“, и поранешен директор на Дирекцијата за верски односи во склоп на бугарската Влада во периодот април 1993 – октомври 1996 година.

„Усвоената одлука покажува дека Вселенската патријаршија е подложна на геополитичката ситуација што ја создаде“, вели проф. Матанов. „Знаеме дека вселенскиот патријарх е поддржувач на отцепување на делови од Московската патријаршија, затоа е поддржувач на Украинската патријаршија и истовремено противник на најголемата православна црква – Московската патријаршија. Вселенската патријаршија едноставно одговара на непријателството кон Московската патријаршија“.

Од друга страна, според професорот, колку што може да се процени од донесената одлука, истата ја признава Охридската архиепископија како што била призната во XI век од Василиј II.

„Сепак, треба да се забележи дека признавањето на црковна институција од страна на световната власт, како што е Охридската архиепископија, генерално е неканонско и предмет на дискусија.

Според Христо Матанов, целосно македонско е толкувањето дека со признавањето на Охридската архиепископија без томос и автокефалност, Вселенската патријаршија (ВП) всушност ја признава МПЦ.

„Ако одиме по нивната логика (на Македонците), тоа значи дека Охрид е Прима Јустинијанa – во центарот на Скопје има споменик на Јустинијан, многумина би се запрашале зошто. Одговорот е затоа што, според нив, Јустинијан е од македонските земји. Но, археолошките наоди покажаа дека Прима Јустинијана е на сосема друго место, а не во Македонија. Во ова има логика само од нивна гледна точка, не од наша. Првичното признавање на Охридската архиепископија значи афирмирање на нејзиниот бугарски карактер, бидејќи Василиј II Бугароубиецот, кого тие не сакаат да го признаат како таков, издал повелба со која сакал да ја замени уништената Бугарска патријаршија со автокефална црква наречена Охридска архиепископија на штета на Вселенската патријаршија. Значи, ова во никој случај не е признавање на нивниот идентитет и самобитност, особено од човек со грчки идентитет како Вселенскиот патријарх“.

За ставот на Бугарската православна црква по одлуката на Вселенската патријаршија, професорот Матанов рече: „Ништо во црквата никогаш не се случува брзо. Треба да се размисли да се донесе одлука. Ставот што мислам дека БПЦ треба да го држи е дека Охридската архиепископија е продолжение на Бугарската православна црква и дека на овој начин не се признава никаков македонски идентитет. Нивните тврдења за такво нешто се филетизам – односно кога црквата е идентитетот на еден народ.

Тврдењето на РПЦ дека јурисдикцијата над епархиите и припаѓа на Српската црква не е толку руско-српска унија против Бугарија колку што ја следи логиката на противењето на Вселенската патријаршија, смета професорот. Но, во заднина, ова може да се протолкува како удар врз БПЦ, особено во нејзината позиција „да не прави ништо по тоа прашање“.

„Кога Македонската црква ѝ рече „биди црква-мајка“, не направи ништо, односно ги следеше црковните правила, како што тоа го правеше Московската патријаршија. Тогаш на кого да му се лутиме? Меѓутоа, во својата суштина, оваа изјава е обид да се зачува црковната јурисдикција, исто како што Москва сака да ја зачува јурисдикцијата над Украина, а Белград да ја зачува над Македонија – геополитичка игра на конфронтација меѓу Московската и Вселенската патријаршија.

На прашањето на БГНЕС што се случува со комисијата формирана на Светиот синод на БПЦ по барањето на МПЦ пред неколку години да ја прогласи Бугарската православна црква за црква -мајка, професорот Матанов одговори: „Постои едно правило. во црквата: ако не сакаш да направиш нешто, формирај комисија. Оваа комисија не направи ништо друго освен да ги советува македонските владици да ги почитуваат црковните правила. Да ги почитувавме црковните правила немаше да добиеме црковна независност, а православниот свет воопшто немаше да се подели на помесни цркви. И како да очекуваме нешто друго кога половина од владиците се руски дипломци? Тие го следат она што го кажува Московската патријаршија, а ѝ вртат грб Вселенската патријаршија“.

За жал, и во овој спор, македонската страна повторно се обидува да ги искриви фактите и да го толкува она што се случува според нивниот наратив, заклучува историчарот.

„Од македонска страна можат да протолкуваат дека Самоил не е Бугарин, дека Василиј не е Бугароубиец или дека Јоаким К’рчовски е Македонец. Но, не смееме да заборавиме дека и црковната и световната историја се засноваат на факти, а не на претпоставки.

Според Христо Матанов, овој црковен спор нема да влијае на тековните преговори меѓу двете влади за укинување на ветото, бидејќи одлуката не се заснова на црковни разлики.

А тие како такви, како што кажав, се чисто геополитичко прашање“, го потврди својот став, професорот Матанов.

Слични Објави