|

Пројнадено е телото на 52-годишниот Бугарин кој исчезна при нуркање во Охридското езеро

Телото на 52-годишниот Бугарин, кој исчезна вчера попладне при нуркање во Охридското Езеро, е пронајдено во близина на селото Трпејца. Според очевидци на немилиот настан телото било облечено во нуркачка опрема и било извлечено од голема длабочина.

Несреќата се случила вчера околу 13:15 часот, кога нуркачот исчезнал на длабочина од 89 метри. Во потрагата беа вклучени Езерската полиција, Црвениот крст и нуркачкиот клуб „Амфора“.

Портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски, го потврди настанот и изјави дека причините за трагедијата сè уште се испитуваат.



Слични Објави