Промоција на книгата на Тихомир Јанчовски „Сè што знам за животот“

//

Книгата „Сè што знам за животот“ на Тихомир Јанчовски е дневник, прозно дело, кое низ субјективна перспектива на авторот ги задржува и јазички презентира доживувањата и појавите во свеста. По својата форма, книгата е дневник бидејќи, авторот бележи настани и појави на дневно ниво, а напишаните содржини од секој посебен ден се внесени со датум и временски референци.

Освен тоа што е дневник, делото носи уште еден важен атрибут, имено е и филозофски дневник, а формално и тематски асоцира на егизстенцијалистичките мислители, пред се на Сорен Киркегор, авторот на „Дневникот на заводникот“ и Жан Пол Сатер, авторот на филозофскиот дневник „Тегобност“.



Покрај специфичноста на пристапот, книгата обработува значајни онтолошки, епистемолошки, етички и естетички прашања и претставува вистински придонес во македонската филозофска мисла. Промотор на книгата: Проф. д-р Ристо Солунчев Предговор и уредник на книгата: Магдалена Стојмановиќ

Претходна статија

За востанието „без организатори“ и за агресорите „без име“

Следна статија

Ковачев: Проблемот со РС Македонија е неспроведувањето на Договорот, а не службената Влада во Бугарија

Најново од Вести