ПРОМОЦИЈА НА „ПОСТСОВЕТСКИ МЕРИДИЈАНИ“ ОД ДРАГАН ЈАЊАТОВ
Промоција на книгата „Постсоветски меридијани“ на авторот Драган Јањатов, ќе биде промовирана денеска напладне во амфитеатарот на Министерството за надворешни работ, во организација на Дипломатскиот клуб-Скопје.
Книгата ќе ја промовираат професорот д-р Иван Додовски, декан на Универзитетот Американ колеџ во Скопје и амбасадорот Никола Тодорчевски, член на Дипломатскиот клуб.
Во ова свое четврто публицистичко дело, се посочува, авторот на околу 300 страници, прави преглед и ја анализира актуелната општествено политичка, економска и меѓународно-безбедносна состојба во сите поранешни советски републики, сега самостојни и суверени држави, од нивното отцепување од некогашниот СССР до денес. По тој повод, најавуваат организаторите, предвидено е и пригодно обраќање на амбасадорот на Руската Федерација во Северна Македонија, Сергеј Баздникин, како претставник на еден од бројните државно правни субјекти, кој произлезе по распадот на Советскиот Сојуз.
Модератор на промоцијата ќе биде амбасадорот Виктор Габер, претседател на Дипломатскиот клуб, а пред присутните ќе се обрати и авторот Јањатов.
Издавач на книгата „Постсоветски меридијани“ на Јањатов е куќата „Дијалог“ од Скопје.