ВМРО-ДПМНЕ: Доколку СДС не знаеле за посетата на Курти и таа била приватна, тогаш кој му дозволи полициско обезбедување за неговата посета
„СДС се прават дека ништо не знаат, за ништо не се виновни, како да се паднати од Марс и за промената на имињата на улиците од 2021 година, така и за посетата на косовскиот премиер Албин Курти.
Едногласно и шверцерски СДС и ДУИ во март 2021 година променија околу 500 имиња на улици, мостови и други објекти во Скопје, меѓу кои и улицата Втора македонска ударна бригада во Адем Демачи.
Без никаква поврзаност со историјата на државата, ниту пак некаква поврзаност со Скопје има Демачи, напротив тој е познат по националистичките сфаќања за туѓи држави.
Бидејќи од ДУИ и СДС исто така не знаеле дека во посета на државата доаѓа косовскиот премиер, тогаш кој дал дозвола за негово полициско обезбедување?
Дали доколку Албин Курти бил на приватна посета во Македонија му следи целосно обезбедување од МВР.
Спасовски да одговори по кој основ и му е доделено полициска заштита во приватна посета и кои ќе ги плати прошците за ангажирање на службени лица од МВР?
Немајќи реални проекти за граѓаните, секојдневниот криминал и кражба на државата, ДУИ и СДС го покриваат и дефокусираат со националистичка агенда“, се вели во партиското соопштение од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.