„ПРОМОЦИЈА НА „ВОЛШЕБНАТА АВАНТУРА” И „ОДМАЗДАТА НА БОГОМОЛКАТА” ОД ОЉА ПЕТРУШЕВСКА -ТОМЕВА

Во паркот пред Културно-информативен центар – Скопје денеска ќе бидат промовирани книгите „Волшебната авантура” и „Одмаздата на богомолката” од Оља Петрушевска -Томева. Оља Петрушевска Томева, дипломиран правник и магистар по европско право и интеграции. „Волшебната авантура“, раскази за деца е прва литературна обајава на Оља Петрушевска Томева. Книгата ја сочинуваат два расказа, едниот насловен „Волшебната авантура“ како што е и насловот на книгата, а другиот „Јас, Ана и нашето детство“. „Одмаздата на богомолката“, пак, е роман за возрасни во кој авторката преку светот на илузијата раскажува за болката и љубовта. Книгите ќе ги промовира Татјана Гогоска, водител ќе биде Елена Максимовска, а предвидена е и драмска игра на Марко и Филип Томеви. Промоцијата ќе биде пренесувана на LIVE STREAM на ФБ страница на КИЦ – Скопје.
„Промоција на „Волшебната авантура” и „Одмаздата на богомолката” од Оља Петрушевска -Томева