ПЕНДАРОВСКИ: АРМИЈАТА ЌЕ БИДЕ ВО ПОДДРШКА НА МВР

//

Претседателот Стево Пендаровски вели дека ангажирањето на Армијата во градовите поради потребата за поголем ред и мир е во рамки на Уставот и законите со оглед дека војниците само помагаат на полијцаците. Објасни дека Армијата не е надлежна самостојно да се грижи за јавниот ред и мир, туку припадниците на МВР.

-Имаше контроверзни коментари за ангажманот на Армијата од некои луѓе, од некои структури. Првата квалификација која ја даде градоначалникот на Прилеп мислам дека треба да ни биде главна во тој дел, бидејќи тој е надлежен за таа општина, кој вели – од кога се вклучи и Армијата освен другите институции состојбата значително се подобри пред банки, маркети, други јавни институции. Меѓутоа сакам да појаснам дека Армијата и според оние наредби и одлуки кои јас ги имам потпишано и според нашите закони и според нашиот Устав, Армијата не може никаде самостојно да биде ангажирана, туку само во поддршка на МВР. Така беше и вчера во Прилеп, изјави Пендаровски. На новинарско прашање дали Армијата ќе се ангажира и во Тетово, Пендаровски со потврден одговор.

-Таков тип на ангажман ако побара Кризниот штаб од Тетово ќе го добие од овдешните единици кои се тука распоредени меѓутоа само во такви функција. Да нема забуна Армијата не е на улица да самостојно заведе ред или полициски час, тоа не и дадено во надлежност. Имаше коментари дека Армијата изглегува надвор од својата уставна и законска улога. Јас не го видов тоа така во Прилеп. Затоа што армиските единици, војниците, не беа сами туку во поддршка на колегите од МВР, повтори претседателот. Тој беше во посета на тетовската касарна и Кризниот штаб при Општина Тетово.





Претходна статија

ОТВОРЕНА ТЕЛЕФОНСКА ЛИНИЈА ЗА СОВЕТУВАЊЕ НА ЛИЦАТА СО ДЕМЕНЦИЈА

Следна статија

96 ЛИЦА ЈА ПРЕКРШИЛЕ ЗАБРАНАТА ЗА ДВИЖЕЊЕ ПОСЛЕДНОТО ДЕНОНОЌИЕ

Најново од Вести