Промовирана нова поштенска марка за 30-години независност на Македонија

/

Во „Пошта на Северна Македонија“ денеска беше промовирана нова поштенска марка за 30-години од независноста на Македонија.

Премиерот, Зоран Заев, рече дека е убеден дека оваа поштенска марка ќе биде најдобра промоција на нашата земја и ќе привлекува уште повеќе туристи.



„Верувам дека оваа поштенска марка, која го отсликува нашиот голем тридецениски јубилеј, ќе најде соодветно место во колекциите на филателистите и понатаму со патување во светот преку писмата, ќе биде најдобра промоција на нашата земја и ќе привлекува уште повеќе туристи кои ќе се заинтересираат да ја посетат нашата земја и народ. Оваа црвена пригодна поштенска марка ќе биде украс на писмата и понатаму ќе биде историски сведок на времето, кога граѓаните на тогашна Република Македонија донесоа историска одлука и глaсаа за независност и за суверенитет“, рече Заев.

Претходна статија

Заев: За сообраќајката дознав од медиумите, Кичеец имал решение за лекување, не знам зошто се упатил кон Скопје

Следна статија

ВМРО-ДПМНЕ: Невработеноста во Македонија е ниска поради иселувањето, а не поради „добрите“ политики на Владата

Најново од Вести