ПРОНАЈДЕНА МАРИХУАНА КАЈ ДВЕ ЛИЦА, ВРАБОТЕНИ ВО УБК

//

На 17.09.2019 година околу 18.20 часот на ул.„Козле“ во Скопје, полициски службеници извршиле преглед на лицата В.П.(28) и Д.Г.(26), двајцата од Скопје, вработени во УБК, кои биле со патничко возило „Опел корса“. При преглед на лицата и возилото била пронајдена и одземена марихуана. Двајцата се приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот со соодветен поднесок известено е ОЈО Скопје. Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди против вработените во УБК поведе постапка за утврдување на дисциплинска одговорност.



Претходна статија

А1 ОН: КИРАЦОВСКИ- НЕ ЗНАМ КОЈ Е КИКИ, А КОКИ Е ВЕРОЈАТНО БОКИ

Следна статија

ПО ЧЕТВРТИ ПАТ РЕСЕНСКИ ЏЕЗ ВЕЧЕРИ

Најново од Вести