| |

ПРОТЕСТ НА ЖИТЕЛИ НА МАРИОВО, БАРААТ ОБНОВА НА РЕГИОНАЛНИОТ ПАТ ПРИЛЕП – ВИТОЛИШТА

Жители на Мариово изутрината од 8 до 10 часот го блокираа патот од излезот на Прилеп за Мариово барајќи да се обнови регионалниот пат до Витолиште кој, како што велат, е во катастрофална состојба и не е безбеден.

Од Иницијативниот одбор тврдат дека досега се обраќале со писма до сите надлежни институции, но немало никаква реакција на нивните барања за реконструкција на патот до оваа голема област која се граничи со Грција. Барат средба со локалните власти и одговор од институциите за итно преземање мерки за реконструкција на патот.

Во прилепско Мариово има 13 села со околу 200 жители

Слични Објави