Протести против полициската бруталност низ Франција: не престануваат немирите поради убиството на 17-годишното момче
Во неколку француски градови денеска повторно избувнаа протести против полициските акции, откако еден ден претходно полицаец пукаше во автомобил и уби 17-годишник, јави ТВ БФМ.
Посебни групи луѓе почнале да излегуваат на улиците, а корисниците на социјалните мрежи објавуваат снимки од густ црн чад во Тулуз поради пожарите што ги подметнале демонстрантите.
Околу 50 луѓе во градот излегле на улица и почнале да ја напаѓаат полицијата, фрлајќи со камења. Полицијата одговорила со солзавец.
Во Лил околу стотина луѓе се собрале на протест пред градското собрание. Демонстрантите запалија корпи за ѓубре.
Полициски извор изјавил за француски ТВ канал дека тие биле вооружени со камења и планирале подоцна да започнат протест „против полициската бруталност“.
Париската префектура, исто така, пријави одделни немири, кои засега се „локализирани“, истакнувајќи дека полицијата е фокусирана на ситуацијата во Нантер и департманот Hauts-de-France. Немири избувнале и во комуната Вири-Шатилон во департманот Есон. Демонстрантите таму го запалиле автобусот.