ПРВ СОСТАНОК НА ЗАЕДНИЧКАТА МЕЃУВЛАДИНА КОМИСИЈА СО БУГАРИЈА

//

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, денеска во Софија ќе ја предводи владината делегација што ќе учествува на првиот состанок на Заедничката меѓувладина комисија меѓу Република Северна Македонија и Република Бугарија, чии копретседавачи се министерот Димитров и министерката за надворешни работи на Република Бугарија, Екатерина Захариева.

„Заседавањето на Комисијата се одржува согласно обврските кои произлегуваат од договорот за пријателство, добрососедство и соработка, потпишан меѓу двете земји во август 2017 година“, нагласуваат од Министерството за надворешни работи.

Во рамките на програмата на Меѓувладината комисија, предвидени се билатерални средби на министрите Димитров и Захариева, како и средби на хомолозите од ресорите економија, одбрана, локална самоуправа, образование и наука, транспорт и врски; на кои ќе се зборува за постигнатиот напредок во соработката во овие области, по потпишувањето на договорот за пријателство, добрососедство и соработка, а ќе се разговара и за идните активности и проекти.



Извор: Макфакс

Претходна статија

ВМРО-ДПМНЕ: ЕКОНОМИЈАТА ГО ДОПРЕ ДНОТО

Следна статија

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ПРОТИВ КУМАНОВЕЦ КАЈ КОЈ БИЛА НАЈДЕНА ДРОГА

Најново од Вести