Првиот блок на РЕК Битола не произведува струја
Првиот блок на РЕК Битола не произведува електрична енергија. Како што пренесуваат дел од домашните медиуми најголемиот производител на струја во државата работи со два блока, односно со две третини од капацитетот на среде грејна сезона, пишува Слободен печат. Од Државните електрани демантираат пак демантираат дека станува збор за дефект на постројката и тврдат дека исклучувањето е планирано токму сега кога останатите капацитети на АД ЕСМ можат да ги задоволат потребите за струја.
„Блок 1 на РЕК Битола е плански исклучен од мрежа заради повеќе интервенции на различни позиции во постројката. Предвидено е активностите да завршат до сабота и викендов Блок 1 повторно да биде ставен во функција. Активностите се преземени плански токму деновиве бидејќи сите останати капацитети на АД ЕСМ се во погон и произведуваат електрична енергија со која во целост се задоволуваат потребите на домаќинствата, на малите потрошувачи и на останатите капацитети согласно владините задолженија,“ се наведува со соопштението од АД ЕСМ, Подружница РЕК Битола.
