ЦРН ДЕН ЗА ФРАНЦИЈА-РЕКОРДЕН БРОЈ ПОЧИНАТИ ОД ПОЧЕТОКОТ НА ПАНДЕМИЈАТА
Црн ден во Франција. Регистриран е најголемиот број смртни случаи од Ковид-19 од почетокот на кризата – 1.427 лица ги загубија животите за еден ден. Според информациите објавени од француските медиуми синоќа, 607 луѓе починале во болница а 820 во домови за нега на стари лица.
Официјалните податоци покажуваат дека во Франција од вчера значително е зголемен бројот на заразени, 11.000 за еден ден. Вкупниот број на заразени лица од почетокот на пандемијата надмина 100.000. Досега се излекувани 19.337 пациенти.