|

Првото бебе во 2024 година се роди точно на полноќ, машко е

Точно на полноќ се роди првото бебе за оваа година на Универзитетската Клиника за гинекологија и акушерство во Скопје.

Бебето е машко, тежи 3.760 грама, а долго е 52 сантиметри.

Од Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство објавија дека 34-годишната Наташа Стефковска од Скопје го родила бебето по природен пат.

Во првите 15 минути од Новата година на ГАК се родиле три бебиња.



Слични Објави