ПСЖ го „отпиша“ Буфон: Тухел ангажира нов голман од Мадрид!?

„Марка“ пишува дека ПСЖ е заинтересиран за услугите на 32-годишниот Кејлор Навас, кој на крајот на сезоната се прости со навивачите на „Сантијаго Бернабеу“.

Навас минатата сезона го загуби местото на прв голман по пристигнувањето на Тибо Куртоа. Сепак, со враќањето на Зинедин Зидан на клупата на Реал, Навас се врати во екипата, но Реал сепак реши Белгиецот да биде прв избор следната сезона.

Костариканецот во Париз ќе има жестока конкуренција, зашто таму е Алфонсо Ареола, кој имаше солидна сезона во која се бореше за позиција меѓу стативите со легендарниот Џанлуиџи Буфон.

Извор: Спорт1

Слични Објави