| | |

(Видео) БТВ: На зборови против Бугарија, но со бизнис кај нас: Роднини на македонскиот премиер Мицкоски со фирми во Бугарија

Бугарскиот новинар Стојан Георгиев од БТВ со специјална репортажа во рамките на емисијата ,,120 минути” на бугарската телевизија БТВ ги открива фирмите на лица кои се во роднински врски со премиерот на РС Македонија Христијан Мицкоски и делуваат на територијата на Бугарија.

Фирмата ,,Дано Транс” регистрирана во село Кулата Р. Бугарија е сопственост на Јорданчо Јанев, кој е сопруг на Стевица Јанева, сестра на сопругата на Мицкоски, Рози Мицкоска. Јорданчо Јанев е баџанак на премиерот Мицкоски. Фирма во Бугарија има регистрирано и братучед на Јорданчо Јанев. Фирмата на Јанев се занимава со транспортни услуги.

Во видеото што ќе го видите водителот Севетослав Иванов и новинарот Стојан Георгиев го коментираат фактот дека Мицкоски на зборови е против Бугарија , но тоа не пречи луѓе од неговото најблиско опкружување да имаат фирми во Бугарија . Тие изразуваат позитивни мислење за тоа македонски државјани да имаат фирми во земјата и да плаќаат даноци таму , но и потсетуваат дека за време на предизборни кампањи имањето фирми во Бугарија е користено како политички компромат токму од партијата ВМРО-ДПМНЕ во врска со фирми на семејството Заеви кои исто така се регистрирани во соседна Бугарија .

Колегите од БТВ побарале мислење и од познатиот македонски новинар Борјан Јовановски во врска со случајот.

Повеќе во видеото што следи:

Слични Објави