ПСЖ ГО САКА ВИНИСИУС ЖУНИОР: ФУДБАЛЕРОТ ИМА САМО ЕДНА ЖЕЛБА

/

Винисиус Жуниор лани имаше фантастични настапи во дресот на Реал Мадрид, но сезонава не добива многу голема минутажа кај Зинедин Зидан.

Неговото лимитирано време на теренот придонесе шпанските медиуми веднаш да започнат шпекулации околу негово евентуално заминување од Мадрид. Леонардо е голем фан на младиот Бразилец и сака да го доведе во ПСЖ.

Крилниот напаѓач по вчерашнот сензационален пораз од Реал Сосиедад од 4-3 на „Сантијаго Бернабеу“ во Купот на Шпанија и уште еднаш потврди дека својата иднина ја гледа само во дресот на „кралевите“.

„Нема друг избор за мене, сакам да останам во Реал Мадрид“, кратко искоментира Винисиус на новинарско прашање.

Сепак, медиумите шпекулираат дека токму Винисуис Жуниор треба да биде дел од трансферот на Килијан Мбапе во Реал Мадрид. Шпанскиот гигант планира да испрати понуда од 300 милиони евра за ѕвездата на ПСЖ и во Париз да го испрати Винисиус Жуниор.



Извор: Спорт1



Претходна статија

17 ЛИЦА ПОЧИНАА ВО ГРЦИЈА ЗА ЕДНА НЕДЕЛА ОД СЕЗОНСКИ ГРИП, МЕЃУ НИВ И ЧЕТИРИГОДИШНО ДЕТЕ

Следна статија

АВСТРИЈА: НАПАД НА АЗИЈЦИТЕ ПОРАДИ СТРАВ ОД КОРОНАВИРУС

Најново од Вести