| |

„Пуста суета, секој сака да блесне“*

Facebook статус на Кирил Илиев

Покрај големата тензија околу купувањето на 2/3 од родната куќа на писателот Димитар Талев во Прилеп, некако се пропушти темата дека најпопуларната онлајн платформа за читање книги воведе забрана за читање на книгите на Димитар Талев на инсистирање на неговиот внук.

Потполно сум свесен дека многу негови книги се препечатени многу пати (особено популарната тетралогија), но се прашувам кому и зошто му е потребна ваква забрана? Мене лично „Димитар Талев“ и „забрана“ ми звучат прилично запрепастувачки во една реченица, тоа болно потсетува на некои страшни времиња, кон кои не би сакал да се враќаме.

И се прашувам, зарем Димитар Талев не е богатство за цела Бугарија и за секој Бугарин?

Што се добива или губи (од неговиот внук) ако се изрече забрана за неговото творештво во интернет?

Зарем слободниот пристап до интернет не би им олеснил на помладите кои се навикнати да читаат на интернет полесно да го откријат генијалниот писател?
Зошто не се покрена ова прашање? Зарем не е подеднакво важно да се спаси неговата куќа, но и да се прочита сето она што го напишал Димитар Талев, за да не испадне дека покрај урнатиот покрив на куќата, писателот е и со срушено сеќавање на неговото дело, неповратно заборавен, и покраj тоа, што според мене ги напишал нашите најголеми ремек-дела од минатиот век!

*Секој заинтересиран за темата Македонија ќе го препознае цитатот и неговиот автор.

Слични Објави