Путин нареди да се состави список на земји кои и’ наметнаа санкции на Русија
Рускиот претседател Владимир Путин вчера и’ нареди на владата да состави список на земји кои ја санкционираа Русија.
„Путин му нареди на Кабинетот на министри да состави список на земји кои ја санкционираа Русија, нејзините компании, организации и поединци во следните два дена“, пишува РИА Новости.
Путин потпиша и декрет „За привремени правила за исполнување на обврските кон некои странски кредитори“, соопшти прес-службата на Кремљ. Уредбата привремено им дозволува на руските компании да вршат плаќања во руска валута на доверителите од земјите кои учествуваат во „непријателски активности“ против Руската Федерација.
Извор: Темите