РАБОТИЛНИЦА НА ТЕМА КРЕИРАЊЕ НА ВИЗИЈА ЗА ОСОГОВО – ИДНО ЗАШТИТЕНО ПОДРАЧЈЕ
В четврток, 13 септември 2018 година, со почеток во 10:30 ч. во Туристичкиот инфоцентар „Пониква“, Програмата за зачувување на природата во Македонија, проект на Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC), организира работилницана тема „Креирање на визија за Осогово – идно заштитено подрачје“.
Целта на работилницата е да се информира локалното населние и за сегнатите страни за активностите поврзани со процесот за прогласување на Осогово како идно заштитено подрачје и потребата од креирање на заедничка визија на локалното население за Осоговскиот регион.
Програмата за зачувување на природата во Македонија, има за цел да го подобри статусот на природните вредности во Брегалничкиот регион преку воспоставување на заштитени подрачја кои покрај зачувување на природните вредности во регионот, ќе придонесат и кон отворање на дополнителни можности за развој и подобрување на социоекономската состојба на локалното население.
Работилницатасе организира од Македонското еколошко друштво и Центарот за развој на Источниот плански регион,а ќе учествуваат претставници од месното население и граѓанскиот сектор.


