| |

Радев: Бугарија безусловно го поддржува почетокот на преговорите на Република Албанија со ЕУ

Бугарија кажува недвосмислено „да“ за Албанија за почеток на преговорите за влез во ЕУ, изјави бугарскиот претседател Румен Радев на заедничката прес-конференција со неговиот албански колега Илир Мета, кој е во официјална посета на Софија, јавува БГНЕС.

Бугарија и Албанија не се само сојузници, ние сме пријатели и значаен придонес за тоа има бугарското национално малцинство во Република Албанија, рече Радев на почетокот на прес-конференцијата и истакна дека Бугарија и Албанија имаат заедничка визија за иднината на регионот како сојузници и партнери.

Конечно најдовме директна воздушна врска меѓу Тирана и Софија, истакна Радев.

Претседателот истакна дека главна тема на разговорот меѓу двајцата била проширувањето на ЕУ и интеграцијата на Западен Балкан.

Бугарија безусловно го поддржува почетокот на преговорите со Република Албанија, рече Радев.

Тој рече дека двајцата, исто така, ја осудуваат војната во Украина и повикаа на меѓународна истрага за злосторствата во Буча.

Има долго одложување на Коридорот бр. 8, додаде Румен Радев, потсетувајќи на меморандумот меѓу Бугарија, Северна Македонија и Албанија. Овој проект е од клучно значење за економскиот развој на нашиот регион, рече Румен Радев.

Слични Објави