Радев: Интерконекторот меѓу Бугарија и Грција има сериозна регионална и геополитичка димензија

/

Претседателот на Бугарија Румен Радев оствари средба со сопственикот и раководството на грчката градежна компанија која го гради гасниот интерконектор меѓу Бугарија и Грција и раководството на проектната компанија, јави дописникот на МИА од Софија.

Според Радев, меѓусистемската гасна врска меѓу Бугарија и Грција е објект со силна регионална и геополитичка димензија. И овој објект има големо значење за постигнување на диверзификација на испораките на гас не само за Бугарија, туку и за Централна и Источна Европа. Проектот ќе придонесе и за стабилноста на економскиот развој и за безбедноста и независноста на снабдувањето со енергија.

Румен Радев побара бугарската страна да е подготвена за соработка за брзо пуштање во употреба на проектот и изрази надеж дека преостанатите доработка и градежно-монтажни активности ќе бидат завршени при целосна мобилизација. Сопственикот на грчката градежна компанија „Авакс“ Антониос Мицалис го уверил бугарскиот претседател Румен Радев дека уште од самиот почеток на проектот „Авакс“ ја сфатил неговата важност и оти се обидуваат да дадат се од себе за негово успешно завршување.

– Ќе направиме се што е во наша моќ овој објект да биде завршен и успешно пуштен во употреба, рече Мицалис, додавајќи дека неговата компанија ќе обезбеди двегодишен гарантен рок за поддршка и ќе бидеме тука достапни во текот на целиот период.

Теодора Георгиева, извршен директор на Ај Си Џи Би, изјави дека изградбата на интерконекторот меѓу Бугарија и Грција е еден од најголемите проекти и го прогласи за причина и за Ај Си Џи Бии за Бугарија. Главните активности се завршени, но има прелиминарни задолжителни активности пред да биде пуштен во употреба, најави и таа.

На средбата присуствуваа привремениот премиер на Бугарија Галаб Донев и двајцата министри за енергетика и регионален развој. Должината на интерконекторот меѓу Бугарија и Грција е 180 километри, од кои 140 километри се во Бугарија и 40 во Грција. Почетниот капацитет е планиран за 3 милијарди кубни метри, а потоа ќе се транспортираат 5 милијарди кубни метри течен гас.



Како што потсетува дописникот на МИА од Софија, бугарските власти се соочуваат со активни граѓански протести со барање нивната земја да не се врати на испораките на руски гас од Гаспром, кој Москва го запре на крајот на март затоа што Бугарија одби да плаќа во руски рубљи. Руската амбасадорка во Бугарија Елеонора Митрофанова пред една недела ја повика новата влада во Софија да биде прагматична и да се врати на договорот со Гаспром.

Извор: zoom.mk



Претходна статија

Во напад во Цетиње единаесет мртви и шестмина повредени, црногорската полиција го уби напаѓачот

Следна статија

ВМРО-ДПМНЕ бара кривична одговорност за Бочварски и Ковачевски

Најново од Вести