Радев ја поздрави Претседателката на РСМ по повод државниот празник Илинден
Извор: БНР
Претседателот Румен Радев честиташе на шефот на државата Република Северна Македонија Гордaна Силјановска – Давкова по повод државниот празник на земјата – Ден на Републиката.
На 2 август – Илинден по Јулијанскиот календар- се навршуваат 121 година од Илинденско-Преображенското востание.
„Саможртвата на хероите го носи сеќавањето на времето што засекогаш ќе ги поврзе граѓаните на Бугарија и Република Северна Македонија, „ пиша Радев, и повика „како наследници на нашите предци, имаме одговорност и историска должност да ги извршуваме и зачуваме достојните сојузи на нашето минато во име на нашата заедничка европска иднина“.
А тоа „бара неопходна волја и искрен пристап во примената на Договорот за пријателство, соседство и соработка“, потсетува бугарскиот претседател.

