| |

Радев кон Вархеји: Само со почитување на човековите права РСМ може да напредува

Очекуваме ЕУ да реагира не само кога се засегнати претставници на европските институции во РСМ, туку и во случаи на агресија врз европски граѓани или луѓе со бугарски идентитет во оваа земја, повика Румен Радев на средбата со еврокомесарот за проширување и соседска политика Оливер Вархеји.

Само преку почитување на човековите права и принципите на добрососедство Република Северна Македонија може да напредува во процесот на европска интеграција. Ова го изјави претседателот Румен Радев, кој денеска на „Дондуков“ 2 се сретна со еврокомесарот за проширување и соседска политика Оливер Вархеји, соопшти прес-службата на бугарскиот претседател.

На почетокот на средбата Радев истакна дека Бугарија високо ја цени активната работа и рационалниот пристап на Европската комисија и лично на комесарот за проширување и соседство за забрзување на процесот на европска интеграција на земјите од Западен Балкан, што е особено важно за гарантирање на стабилноста и безбедноста на Европа.

Румен Радев потсети дека токму како резултат на неговите плодни средби со комесарот Вархеји и активната заедничка работа е развиена преговарачката рамка, која го отвори патот за Република Северна Македонија кон Европската Унија, а во исто време ја гарантира заштита на правата на Бугарите во земјата и на бугарското културно-историско наследство. Во врска со ова, шефот на државата изрази загриженост поради недостигот на напредок за најважното прашање, кое е и задолжителен услов за почеток на преговорите за пристапување во ЕУ – промената на Уставот на РСМ и вклучувањето на Бугарите како составен дел од државотворните народи.

„Сведоци сме на зголемена системска дискриминација, полициско, административно и судско самоволие кон бугарските здруженија, зголемени злосторства од омраза врз Бугарите и луѓето со бугарски идентитет во Република Северна Македонија“, нагласи Румен Радев. Претседателот ги потенцираше систематските притисоци врз Бугарите и бугарските клубови во РСМ во последните месеци, како и на донесувањето на закон со ретроактивно дејство за фондациите и граѓанските здруженија, врз основа на кој беа затворени само два бугарски клуба од 17.000 невладини организации во земјава.

Бугарија високо ја цени реакцијата на европските институции и острата осуда за одбивањето на Северна Македонија на 6 мај да го пушти европратеникот Андреј Ковачев на своја територија, истакна шефот на државата и додаде: „Очекуваме такви реакции не само кога правата на членови на ЕП се засегнати, но и на обичните европски граѓани, на граѓаните на РСМ со бугарска самосвест“.

Комесарот Вархеи го изрази разбирањето на Европската комисија за важноста на отворените прашања меѓу Бугарија и РСМ и посочи дека забрзувањето на процесот на проширување на ЕУ со земјите од Западен Балкан може да се постигне само доколку е прифатливо за сите земји. Комесарот Вархеи исто така изјави дека критериумите од Копенхаген се јасно наведени и недвосмислени и ЕК ќе продолжи да ја следи нивната имплементација.

Слични Објави