|

(Видео) Проф. д-р. Иван Д. Иванов во дуел со проф. д-р Тодор Чепреганов: Основачот на ВМОРО Иван Хаџи Николов му рекол на Васил К’нчов дека се надценува бидејќи Македонија одамна е бугарска

Професорите Иван Д. Иванов од Универзитетот во Синцинати и Тодор Чепреганов од Институтот за национална историја синоќа се сретнаа во дебата во емисијата на Канал 5 „Само Вистина“.

Од интересната дебата момент за паметење беше делот во кој проф. д-р Иван Д. Иванов цитираше извор со разговор меѓу основачот на ВМОРО Иван Хаџи Николов и бугарскиот етнограф Васил К’нчов. Иван Хаџи Николов му рекол на К’нчов дека се надценува во однос на своето работење, бидејќи Македонија одамна е бугарска.

„Македонските Бугари отдамна водат борба со секоjдневниот живот. На нeja (Македониjа) и треба просветлуваньето кое во моментов треба да го шират сите учители и свештенство“, додава Хаџи Николов.

Проф. д-р Иванов покажа голем број документи и извори, во кои јасно се гледа бугарскиот карактер на општините во Македонија пред појавувањето на бугарската Егзархија. Тој исто така цитираше и дел од книгата на Richard J Crampton „Bulgaria“ издадена во 2007 г. од Oxford University Press, во кој авторот вели дека меѓу Бугарите кои се заложиле за спас на Евреите за време на Холокаустот бил и последниот водач на историското ВМРО- Иван Михајлов.

На следниот линк можете да ги погледнете сите документи што проф. д-р Иван Д. Иванов ги покажа во емисијата „Само вистина“.



Слични Објави