Пред руската амбасада во Софија ќе има бдеење со портрети на Навални
Вечерва ќе се одржи бдеење со свеќи пред руската амбасада во Софија, неколку часа откако Русија ја објави веста за смртта на Алексеј Навални, јавува БГНЕС.
Навални, најистакнатиот ривал на рускиот претседател Владимир Путин, отслужуваше 19-годишна затворска казна под обвинение за екстремизам. Веста за неговата смрт во затворската колонија во арктичкиот град Харп веднаш го обиколи светот.
„Денеска во 18 часот и 30 минути, пред руската амбасада, во спомен на Навални, да му кажеме на Путин – Ти си кукавица и убиец! Путин е убиец! Тој се плаши од слободата и отпорот кон неговиот авторитет. За да остане на власт, ги ликвидира сите свои противници и нападна голем број земји. Крвави војни со деца и жени жртви! Пука во невини и ги убива своите непријатели! Неговиот последен голем внатрешен непријател беше Навални. Тој доброволно се врати во Русија за да даде надеж на отпорот кон Путин – внатре и надвор од авторитарната Русија Знаеше дека го ќе го својот живот како жртва за Русија и против Путин, но цврсто го направи тоа!Целиот слободен свет жали за Навални, но уште повеќе го гледаме злото во лицето и моќта на убиецот Путин!“, стои во најавата за претстојното бдение. Истото е организирано од поранешниот министер за одбрана Николај Ненчев, Валентин Симеонов, Атлантскиот совет на Бугарија и фејсбук групите „Убиствената политика на Русија кон Бугарија“ и „Ослободување“.