| |

Радев: Не од Бугарија, туку од самата РС Македонија зависи дали ќе ги почне преговорите за членство во ЕУ

Почетокот на преговорите за членство на РС Македонија во Европската Унија не зависи од идната бугарска влада, туку од самата РС Македонија. Ова го изјави бугарскиот претседател и кандидат за втор мандат Румен Радев, јавува БГНЕС.

„Клучот за почеток на преговорите со ЕУ за РС Македонија е во почитувањето на правата на македонските Бугари, во искоренувањето на јазикот на омразата и во прекинот на обидите за систематско уништување на бугарското културно историско наследство. Почетокот на преговорите нема да зависи од следната нова влада и нов парламент, туку од РС Македонија, која ќе мора да преземе соодветни мерки. Убеден сум дека само со отворен дијалог меѓу Софија и Скопје ќе ги изградиме искрените пријателски односи што ги очекуваат луѓето од двете страни на границата“, нагласи Радев.

Слични Објави