Радев: Почитувањето на правата на Бугарите во РС Македонија е увертирата за ЕУ

//

„Почитувањето на правата на Бугарите во РС Македонија е увертира кон интеграцијата на земјата во Европската унија“, изјави бугарскиот претседател Румен Радев, јавува БГНЕС.

Шефот на бугарската државата ја коментираше и темата за уништените бугарски воени гробишта во Република Северна Македонија, нагласувајќи дека бугарското Министерство за надворешни работи и Министерството за одбрана го расветлуваат случајот.

„Ова допрва треба да се утврди, но тоа е систематски процес на дебугаризација, преродбен процес на уништување на нашето културно-историско наследство во РС Македонија. Не случајно ова прашање го поставив на Советот во Љубљана. Ова е увертира за интеграција на РС Македонија во ЕУ- правата на Бугарите, недискриминацијата, како и нивна целосна интеграција во културниот, економскиот, социјалниот и политичкиот живот на оваа земја. Исклучително е важно нашата поддршка за нивните барања да бидат признаени во уставот на РС Македонија, и тоа да биде прогласено свечено од претседателот, Владата и Собранието на РС Македонија “, рече Румен Радев.



„Дефинитивно ќе реагираме, ниту еден таков случај нема да биде игнориран“, вели Радев, според кого вистинскиот проблем пред РС Македонија е дебугаризацијата и дискриминацијата на луѓето со бугарски идентитет.

Претходна статија

Спасовски: Мирните и демократски избори ја обезбедуваат иднината на нашата држава

Следна статија

Заев: ТЕЦ „Осломеј“ е прва транзиција на електрана на јаглен во капацитет за чиста енергија во регионот

Најново од Вести