Заев: ТЕЦ „Осломеј“ е прва транзиција на електрана на јаглен во капацитет за чиста енергија во регионот
ТЕЦ „Осломеј“ ќе биде запаметена како прва енергетска транзиција на електрана на јаглен во капацитет за чиста енергија во регионот, изјави премиерот, Зоран Заев, кој во придружба на раководството на „Електрани на Северна Македонија“ (ЕСМ), ја посети локацијата на Термоелектраната во Осломеј во Кичево, каде во моментот интензивно се одвиваат градежните активности за изградбата на првата фотоволтаична електрана од 10 мегавати во сопственост на „ЕСМ“.
„На местата на некогашните загадувачи, денес градиме капацитети за производство на чиста и зелена енергија. Поранешните наоѓалишта на јаглен во РЕК „Осломеј“ за неколку месеци треба да бидат покриени со 10 мегаватна фотоволтаична електрана. Вкупното годишно производство од оваа нова фотоволтаична електрана ќе изнесува 15-17 гигават-часови, доволни за потребите на околу 2.800 домаќинства“, рече Заев. Целиот напис можете да го видите овде.
Извор: Темите
