Радио Бугарија кај Бугарите во Албанија: Заменик-градоначалник на албанска општина сака подобар живот за Бугарите во Албанија
Агрон Нурединаj веќе неколку месеци е дел од новата општинска администрација на градот Кукс во северна Албанија. Општинскиот центар е одговорен и за селата во регионот на Гора, каде што од памтивек живее население со бугарско потекло и бугарска самосвест. Како заменик градоначалник на општината, 43-годишниот Агрон Нурединаj има амбиција да им го подобри животот на своите сограѓани од Гора. Самиот тој потекнува од едно од селата во регионот – селото Орешек. Таму завршил основно образование, средно во Шишчевец, најголемото горанско село, а високо образование во Бугарија, на Економската академија „Димитар Ценов“ во Свиштов.
„Во 2005 година дипломирав финансии, а потоа во 2014 година станав магистер по финансиски менаџмент – ни раскажува Агрон. – Имам работно искуство во јавната администрација 15 години. Работев во социјално осигурување од 2005 до 2010 година и во даночната управа на Кукс – од 2010 до 2015 година. После тоа работев во банкарскиот систем, а од 2019 година до пред да станам заменик градоначалник бев даночен инспектор во Тирана. Од главниот град се враќам во мојот град како заменик-градоначалник на покана од Алберт Халилај, неодамна избран за градоначалник на Кукс – многу голема личност со која соработуваме 15 години. По завршувањето на моето образование во Бугарија, чест ми е што имам што да покажам и што можам да ги претставувам Гораните во локалната власт“.
Разбирајќи ја одговорноста за својата позиција, Агрон признава дека новата управа на Кукс тешко ќе може да ги реши сите проблеми на Бугарите во Гора, но барем ќе се обиде да ги „минимизира“, како што вели самиот тој:
„Всушност, има многу проблеми и затоа ќе ги искористам вашите медиуми, како глас или како прозорец кон Бугарија, да апелирам до бугарската влада – да им помогне на нашите села. Најголем проблем е патната инфраструктура. нема асфалт во нашите села, со исклучок на селото Шишчевец. Бугарија би можела да ни помогне и во образовната сфера, на пример – да ги подобриме условите во основните училишта и да ги подигнеме квалификациите на нашите наставници. Всушност, веќе постои слична иницијатива од бугарската држава и доста наши луѓе се студенти во Бугарија или веќе дипломирале таму.Јас сум еден од тие премиери.Последниве години има одредено зголемување на вниманието од бугарска страна што ме радува Се надеваме дека ќе успееме да напредуваме во инфраструктурата, во образованието, но и во културата. Затоа што ја имаме истата култура“.
Само неколку месеци откако тим на Радио Бугарија го посети градот Кукс и бугарските села во Гора, првите резултати од заедничките напори на бугарската држава и локалната власт веќе се факт. Со помош на бугарската амбасада и една од организациите на Бугарите во Албанија, делумно е реконструирано училиштето во селото Црналево. Децата таму повеќе не смрзнуваат поради кршењето на прозорците и вратите.
А што е Бугарија лично за Агрон Нурединај?
„Бугарија за мене е носталгија. Имам многу пријатели таму и ги поздравувам од срце. За мене студентските години поминати во Свиштов – мало гратче, но велат „Кембриџ на Дунав“ се златни.Горд сум што бев таму и учев од некои од најдобрите професори. Бугарите се страшно „кул“ народ и Бугарија ми е како втора мајка. Кога одам во Бугарија секогаш се чувствувам добро. Јас, инаку, пеам бугарски песни и играм бугарски ора. Додека бевме студенти во Бугарија имавме традиција да се собираме после предавањата – на ракија, песни и ора… И сè поминуваше прекрасно“.
На нашето прашање дали на своите колеги студенти во Бугарија им пренел дел од горанската традиција, Агрон Нурединај одговара потврдно.
„Всушност, кога одите во друга земја, треба најдобро да ја претставувате вашата, да бидете еден вид амбасадор и да ги покажете најдобрите карактеристики на вашата култура. И навистина, кога ги запознав моите бугарски пријатели со Албанија, сите рекоа дека Албанија е одлична земја. И таа навистина е. Албанија и Бугарија отсекогаш имале стабилни односи – политички, економски, социјални итн. А вам, како дел од Бугарското национално радио, ви благодариме за интересот! И повторно сте добредојдени! И знајте – многу ја сакаме Бугарија!“ – вели во заклучок заменик-градоначалникот на општина Кукс.
Автор: Красимир Маринов/Радио Бугарија
