РАДИО „СЛОБОДНА МАКЕДОНИЈА“ ОСТАНА БЕЗ ДОЗВОЛА ЗА РАБОТА

Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (ААВМУ) ја одзеде дозволата за емитување на радиото „Слободна Македонија“. Одлуката е донесена едногласно, а постапката почна минатиот месец, откако стручните служби на ААВМУ по извршениот вонреден надзор констатирале дека оваа радиодифузна куќа повеќе не ги исполнува минималните кадровски услови за добивање дозвола за радио и телевизиско емитување и му препорача на директорот на ААВМУ да достави предлог до Советот на ААВМУ за покренување постапка за одземање на дозволата за радио емитување.

Извор: Емагазин