РАДУВАЈ СЕ НАРОДЕ… ГОРИВАТА ПОЕВТИНУВААТ ЗА ПОЛОВИНА ДЕНАР

/

Од ноќеска на полноќ горивата поевтинуваат за половина односно за денар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика.

Цените на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за еден денар. Со тоа новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 69,5 денари за литар, додека на ЕУРОСУПЕР БС-98 – 71,5 денари за литар.

Дизелот и Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) поевтинуваат за половина дена. Новата цена на дизелот е 61,5 денар за литар, а на маслото 51 денар за литар.



Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 1,914 денари и новата цена ќе изнесува 34,167 денари за килограм.

Претходна статија

МВР ДЕМАНТИРАШЕ ДЕКА БОКИ 13 КОРИСТЕЛ СЛУЖБЕНО ОБЕЗБЕДУВАЊЕ!

Следна статија

„БУГАРСКА ВРСКА“ ВО СЛУЧАЈОТ СО БОЛЕДУВАЊЕТО НА КАТИЦА ЈАНЕВА

Најново од Вести