|

Рафајловски: Новите цени на струјата ги штитат малите потрошувачи и ранливите категории, но не овозможуваат одржлива и динамична поддршка на економијата и стопанствотоРафајловски:

Професорот Горан Рафајловски е резервиран во однос на ефектите од новиот ценовник на Комисијата за енергетика. Во вкупното, внимателно одмерување на аргументите тој ја посочува подеднаквата тежина на оние за и против, како и нивното условување од дневните економски трендови.

„Зголемувањето на ДДВ според мене требало да биде двојно помало. Од друга страна, РКЕ со овие одлуки ги штити малите потрошувачи што е добро, помага со ранливите категории домаќинства што е исто така добро и подржува ценовна политика на штедење на електрична енергија што е општо европска енергетска стратегија“, вели Рафајловски за „Локално“.

Сепак, ваквите мерки според него  се компромисни калкулации  и не овозможуваат одржлива и динамична поддршка на економијата и стопанството во целина.

„Тоа може набрзо да доведе до рецесија, намалување на производството и индиректно зголемување на и онака големата инфлација од преку 20%. Тоа би било најлошото сценарио. РКЕ треба будно да ги следи дневните економски трендови и ако е потребно да реагира повторно и многу брзо“, категоричен е Рафајловски.

Во однос на дилемата колку нашата држава успешно  „се носеше“ со сите предизвици наметнати од енергетската криза, Рафајловски оценува дека државните органи успеале релативно позитивно да ја менаџираат.

Според него, приватните компании биле присилени на одреден начин од јавното мислење и од тоа што институциите на државата согласно нормите и политиките на Европа мораа да се усогласат.

„За среќа сме под добра координација и влијание на институциите во Европа особено во последниве 1-2 години, интеграцијата во НАТО но и на сигналите што ни ги праќаа одредени политичари при посетите тука“, вели Рафајловски. 

Оттаму, како исклучително позитивно ја оценува одлуката на актуелната политичка елита да  ги следи процесите што се одвиваа во Европа, поддржани и координирани со САД и НАТО за да го „фати“ вистинскиот курс и да ја менаџира кризата.

Повеќе на Локално.мк



Слични Објави