РАКИТИЌ ЈА НАПУШТА БАРСЕЛОНА И СЕ СЕЛИ ВО ЖЕСТОК РИВАЛ ОД МАДРИД?

Иван Ракитиќ не е во плановите на Барселона, зашто тренерот Ернесто Валверде смета на помладите фудбалери, а како што стои ситуацијата во моментов, Хрватот ќе биде продаден

Се шпекулираше за трампа со Јувентус, а во конкуренција беше и Интер, но сепак најновите шпекулации од Шпанија се дека Ракитиќ ќе се пресели во Атлетико Мадрид.

Тренерот Диего Симеоне, наводно, нуди 40 милиони евра за хрватскиот репрезентативец, а Барселона ќе се согласи на понудената сума, зашто не сака да има незадоволен фудбалер во клубот.

Извор: Спорт1



Слични Објави