|

РАМА: ЌЕ ИМА ДЕСТАБИЛИЗАЦИЈА ВО РЕГИОНОТ АКО МАКЕДОНИЈА ГИ ПОЧНЕ ПРЕГОВОРИТЕ СО ЕУ ПРЕД АЛБАНИЈА

Албанскиот премиер Еди Рама во интервју за престижната европска телевизиска мрежа „Евроњуз“ (Euronews), ги предупреди земјите од Европската унија дека ќе биде штетно за регионот, доколку пред Албанија започнат разговори за пристапување со Северна Македонија, пренесе албанската телевизија „Топ чанел“, јавува Фокус.

„Би било многу штетно за регионот и во исто време неправедно. Македонија постигна напредок и заслужува да се пофали, бидејќи тоа го заслужува, но прашањето е дали ни треба конфликт за да се процени она што го правиме“, изјавил Рама.

Слични Објави