РАНГЕЛОВА ИНДИРЕКТНО МУ ПОРАЧА НА МИЦКОСКИ: НЕ НИ ТРЕБА ИЗОЛИРАНО ВМРО-ДПМНЕ
Во својата порака по повод државниот празник 23 октомври, пратеничката Даниела Рангелова порача дека ВМРО-ДПМНЕ треба да биде проевропска а не изолирана партија.
„Денес го чествуваме денот на Македонската револуционерна борба, денот на основањето на историското ВМРО чиј сон денес ние го живееме.
Она што во моментот нас ни треба е едно ВМРО ДПМНЕ, силно, сплотено и единствено, а не поделено и раскарано!
Проевроатлански ориентирано а не изолирано!
Ни треба разум и храброст а не очај и паника!
Ни треба просветлување и чекорење напред а не прочистување!
Ни треба визија за иднината на партијата и државата а не страв од неочекуваното!
Ни треба зајакнување а не недоверба!
Ни треба слободна и демократска мисла а не едноумие и ретроградност!
Ни треба политичко делување а не послушност и сервилност!
Ни треба соочување и решавање на проблемите а не пак креирање на лажни очекувања и повторно разочарување кај членството!
Ни треба ПОБЕДА а не ПОРАЗ!
Нека ни е честит и вековит денешниот голем државен празник преку чие одбележување искажуваме почит и ги воспеваме големите дејци на македонска идеја на самобитност!
Честит 23ти Октомври – Денот на Македонската револуционерна борба!“
Пораката на Рангелова може да се протолкува и како индиректно обраќање до претседателот на партијата Христијан Мицкоски.
