РАНО МУ Е ЗА ПЕНЗИЈА: ГЕРЕТ БЕРИ НА 38 ГОДИНИ ПОТПИША НОВ ДОГОВОР
Англискиот клуб ВБА соопшти дека ја продолжи соработката со Герет Бејл до крајот на сезоната.
Тој се рехабилитираше од операцијата на коленото и сега може да му се стави на располагање на Славен Билиќ за престојните натпревари во домашното првенство, што е исклучително важно за овој клуб кој сака да се врати во Премиер лигата.
Очигледно мило ми е што сè е решено и сега сум фокусиран на придонесот во тимот. Не сакав да ја прекинам кариерата поради повреда. Знаев неколку мои соиграчи кои мораа да го сторат тоа. Уживав фудбал пред повредата и сè уште сакам да играм и да уживам, истакна Бери.
Триесет и осумгодишниот Бери е во ВБА од 2017 година, откако претходно играше за Евертон, Манчестер Сити и Астон Вила.
Извор: Спорт1

