ТУРСКИ ТРУПИ СЕ БОРАТ НА СТРАНАТА НА АЗЕРБЕЈЏАН
Турски трупи што претходно се наоѓале на територијата на Сирија, веќе учествуваат во воените дејствија во Нагорно-Карабах против Ерменија, изјави ерменскиот амбасадор во Русија, Вардан Тогајан.
Ерменскиот амбасадор изјави дека се работи за околу 4000 турски војници, кои се борат на страната на Азербејџан.
Министерството за одбрана на Азербејџан од своја страна соопшти дека „борци, кои пристигнале од Сирија и други земји од Блискиот Исток“ се борат на страната на Ерменија.
„Според добиена разузнавачка информација, меѓу загубите кај непријателот има многу платеници со ерменско потекло од Сирија и различни земји од Блискиот Исток. Но со оглед на тоа што не се официјално регистрирани во Ерменија, непријателот лесно ги прикрива тие загуби“, изјави полковникот Вагиф Даргахли, шеф на прес службата на Министерството за одбрана.