|

РАПИДНО РАСТЕ БРОЈОТ НА ЗАБОЛЕНИ ОД ГРИП ВО МАКЕДОНИЈА

Во текот на изминатата недела (од 13 јануари до 19 јануари) во државава се регистрирани 1.100 заболени од грип, што е зголемување за 88,7 отсто споредено со неделата пред неа кога беа регистрирани 583 заболени, се наведува во извештајот што денеска на својата веб страница го објави Институтот за јавно здравје (ИЈЗ).

Од ИЈЗ посочуваат дека се очекува пораст на активноста на вирусот и достигнување пик на сезоната на грип во текот на следните недели. Најголем број случаи (689) се пријавени во најголемата возрасната група – лица од 15 до 64 години, додека највисока инциденца од 106,7 на 100.000 жители е регистрирана кај најмалите, децата на возраст до четири години

Најголем број случаи се пријавени од подрачјето на Центарот за јавно здравје Струмица.



Слични Објави