РАСЕЛЕНИТЕ ВО НАГОРНО-КАРАБАХ: НАД 9.000 ЕРМЕНЦИ СЕ ВРАТИЛЕ ВО НИВНИТЕ ОГНИШТА
Од Ерменија во Нагорно-Карабах досега се вратиле 9.000 бегалци кои биле придружувани од руските мировници, јави агенцијата ТАСС.
Како што објави руското Министерство за одбрана, речиси 9.000 лица се вратиле во регионот по шестнеделните борби меѓу азербејџанските и ерменските сили. Иако во првите денови нивниот број не надминуваше неколку стотици луѓе, сега илјадници луѓе сакаат да се вратат дома, тие доаѓаат на собирното место во Ереван, соопшти руската агенција.
Триесетина автобуси секој ден организирано заминуваат за Степанакерт.
– Конвојот вклучува и лични автомобили, со патници и предмети за домаќинството, вкупно неколку стотици автомобили, додаде ТАСС.