ШПАНИЈА ВО ЈАНУАРИ ЌЕ ПОЧНЕ СО ПРОГРАМА ЗА ВАКЦИНАЦИЈА ПРОТИВ КОРОНАВИРУСОТ

//

Стратегијата на Шпанија за борба против пандемијата со Ковид-19 дава резултати, рече шпанскиот премиер, Педро Санчез, за време на презентацијата на планот за вакцинација во земјата во 2021 година.

Шпанија има 400 заразени на 100.000 жители во последните 14 дена наспроти 530 на почетокот на овој месец, рече Санчез по дводневниот виртуелен самит Г20.

Ова е доказ дека резултатите се произлезени од вонредната состојба прогласена минатиот месец, што им дозволи на регионалните власти да преземат низа мерки.

Санчез вели дека Шпанија успеала да го намали бројот на пациенти без да наметне втор карантин, како што беше случај во другите европски земји.

Тој го претстави владиниот план за вакцинирање на голем дел од своите 47 милиони жители до средината на 2021 година.



Кампањата за вакцинација е предвидено да почне во јануари, на 13.000 места во земјата.

„Пред нас се уште тешки месеци, но знаеме во која насока се движиме“, рече тој.

Извор: Макфакс



Претходна статија

ПРОТЕСТИ ВО БЕЛОРУСИЈА, ПРИВЕДЕНИ НАД 140 ДЕМОНСТРАНТИ

Следна статија

РАСЕЛЕНИТЕ ВО НАГОРНО-КАРАБАХ: НАД 9.000 ЕРМЕНЦИ СЕ ВРАТИЛЕ ВО НИВНИТЕ ОГНИШТА

Најново од Вести