КАТИЦА НЕМА ДА ДОБИЕ АПАНАЖА

Собранието нема да и одобри апанажа на ексшефицата на СЈО и обвинета во случајот „Рекет“ Катица Јанева, јавува Лидер.

Според информациите, против ќе бидат и мнозинството и опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Образложението е дека таа не е избрана од Собранието, туку само предложена, а дополнително инволвирана е во, како што велат, најголемиот скандал во правосудството.