|

Рашковски бара извинување и најави тужба на Русковска

Рашковски со барање за извинување и јавно повлекување на изјавата на Вилма Русковска.

„Кажете и искрено на македонската јавност дали случајот „Софтвери“ против Драги Рашковски го отворивте за да може со него да ве изберат во Републичкото јавно обвинителство а внукот во вишото јавно обвинителство а не обратно како што тврдите во вашето интервју“, вели во реакцијата Рашковски.

Мора да дадете одговор, вели Рашковски, кој со име и презиме Ви понудил да станете заменик јавен обвинител и вашиот внук да биде избран во Вишото јавно обвинителство во замена за тоа да ја сопрете истрагата за случајот “Софтвери”, кога тоа се случило и на кое место и најбитно ако тоа се случило што е причината за тој настан, а уште повеќе зошто после речиси 2 години Вие дури сега кога Ве суспендираа комплет зборувате за истиот?, прашува истовремено тој.

Реагирајќи на даденото интервју Рашковски наведува четири апсурди.

Најавува тужба протиов Русковска и ја повикува да биде како што вели искрена и да каже дека од „целата бука при набавка на предметниот софтвер сега се сведовте на тоа дека упатсвотот не било доволно јасно и фазите не биле реализирани.

„Согласно, Закон за граѓанска одговорност за навреда и клевета член 13 упатувам до Вас барањe за извинување и јавно повлекување на искажаното, кое доколку не следува против вас ќе биде поднесена соодветна тужба за клевета и навреда. Согласно член 9 од истиот закон “Тужениот е должен да ја докажува вистинитоста на фактите содржани во тврдењето”. Извинувањето барам да биде направено на истиот начин како што ја имате дадено и изјавата дека некој Ви правел притисок за овој предмет. Вам и на Ивана Трајчева Ви е јасно колку неправда нанесовте, но на јавноста и на Судот ќе му стане јасно колку правна неукост е сконцентрирана во овој судски предмет. Срамот од таа неукост ќе е Ваш“, пишува Рашковски.



Слични Објави