РЕЧИСИ 12 ИЛЈАДИ ЛИЦА ГИ ИЗГУБИЛЕ СВОИТЕ РАБОТНИ МЕСТА ОД ПОЧЕТОКОТ НА МАРТ ДОСЕГА
По основ на прилив од работен однос, во периодот 11.03.2020 до 31.05.2020 година во Агенцијата за вработување, со статус на невработени лица се стекнале 11.904 лица, а за кои претходно имало регистрирана пријава во задолжително социјално осигурување.
„Според основот на престанок на работниот однос, од 11.904 лица кои се стекнале со статус на невработени, 5.703 лица (47,9%) се поради истек на определено време, 3.082 лица (25,9%) се поради спогодбен престанок на работен однос, 1.169 лица (9,8%) се поради отказ од работодавачот, 1.112 лица (9,3%) се поради отказ од страна на работникот, 380 лица (3,2%) се поради отказ од деловни причини (технолошки, економски, организациони и слични промени), 104 лица (0,9%) се поради стечај – ликвидација, 76 лица (0,6%) се поради престанок на дејноста на работодавачот, а останатите 278 лица (2,3%) се поради други основи на престанок (записник од Државен инспекторат за труд, судска пресуда и сл.) – стои во соопштението од Агенцијата.
