Деца од Украина што ги загубиле своите родители во војната ќе учествуваат во камп за психичка рехабилитација во Бугарија
Украински деца кои ги загубиле своите родители во војната ќе учествуваат во камп за психо-рехабилитација во областа Карандила кај Сливен во Бугарија. Програмата се организира по втор пат од Сливенскиот јавен донаторски фонд.
Средствата се обезбедени од Заеднички донаторски фонд Сливен, Фондацијата „Charles Stewart Mott“ во рамките на Програмата Глобални предизвици за локални решенија за украинските бегалци(Global Challenges Local Solutions) , управувана од Академијата за развој на филантропијата во Полска (ADPP).
Децата ќе пристигнат во градот на 30 април и во рок од две недели ќе имаат можност да ги посетат најпознатите места во Сливен, вклучувајќи ги Куш бунар, феноменот Халката и музејските локалитети во градот и неговата околина. Ова за Радио Стара Загора го изјави Нели Минчева – член на управниот одбор на Заедничкиот донаторски фонд Сливен.